Во прв ред

На 21-ви март во Скопје специјално флуоро-денс шоу на Џуно Реактор

Во Скопје на 21-ви март во спортската арена “Борис Трајковски”, за првпат пред македонската публика ќе настапи еден од најголемите современи светски музичари на денешницата, Џуно Реактор. На својот настап доаѓа со специјално флуоросцентно танцувачко шоу. Шоуто како што велат организаторите ќе биде уникатно по тоа што танчерите носат облека и се нашминакни со специјални флуросцентни бои, ова шоу ќе претставува промоција на најновиот проект “Juno Reactor Sound Sistem”.

Почетокот на големата забава стартува во 22 часот, а освен веќе најавената ѕвезда, на истиот настап ќе настапат и познати ди-џеи на организаторите “Сан продакш”. Тие велат дека овој настан, како и секој досега, ќе биде проследен со одлично озвучување како и со специјално ласер шоу. Влезниците се по цена од 300 денари и истите може да се купат онлајн од www.nastani.com.mk или пак во Пола Југотон и во дистрибутивната мрежа на Купи карти за се ширум цела република.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: