Во прв ред

На 22-ри октомври ќе се оддржи концерт по повод 120 години од ВМРО

Во организација на Ансамблот за народни песни и ора “Гоце Делчев” од Скопје и Фестивалот “Гоце Фест”, а во соработка со Министерството за култура и Градот Скопје, на 22- ри октомври оваа година, во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи свечен концерт во чест на 120 годишнината од формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893- та година, низ годините позната како ВМРО.

На концертот, ќе земат учество голем број истакнати уметници и со пригодна културно- уметничка програма, низ песни и ора ќе се одбележи овој значаен датум од нашата историја.

Организаторите Ве покануваат да бидете дел од овој голем музички настан и да поминете пријатни мигови со културно-забавната програма. Како од истата се споменуваат големи музички имиња од фолк естрадата, меѓу кои ќе ги споменеме: Мишко Талески, Војо Стојановски, Круме Спасовски, Блага Петревска, Дарко Билбиловски… и уште многу други познати пејачи од македонската фолк музичка сцена.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: