Во прв ред

На 23-ти и 24-ти септември на голема врата се враќа манифестацијата “Штипска пастрмајлија”

Како и се во Македонија, така и оваа препознатлива музичко-забавна манифестација после пауза од две години поради коронавирусот, се враќа во градот под Исарот. Општина Штип која го организираше овој голем музички настан, каде се јадеше најголемата пастрмајлија, а на дневна основа угостителите не можеа да постигнат со произвотство и продажба на пастрмајлии, повторно пред штипјани и граганите од цела Македонија.

Како што дознава Музика24 од свои извори, овогодинешното 14-то издание на “Штипска пастрмалијада” ќе се одржи кон крајот на месец септември, односно, на 23-ти и 24-ти септември, последната недела од овој месец од кога како што велат повозрасните се започнува со јадење на овој превкусен штипски специјалитет.

Музичката програма се уште не се знае и добро се подготвува, а во меѓувреме, се договараат и штипските угостители кои сакаат и имаат желба за натпревар и учество во овој голем музичко-забавен настан. Само како потсетување, во изминатите години на “Штипска пастрмајлија” се имаат појавено: Александра Јанева, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Јордан Митев, Силви Бенд, Антониа Гиговска, Ферус Мустафов, Мартинијан Кириловски, како и балканските музички ѕвезди Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Рибља Чорба, Здравко Чолиќ, Ју група, Харис Џиновиќ, Данијела Мартиновиќ, како и Лепа Брена и многу други.

Можеби ќе ве интересира: