По осми пат во организација на Универзалната сала, односно, Конгресниот центар “Александар Македонски”, оваа година во Македонската Опера и Балет ќе се одржи Македонскиот радиски фестивал или попознат како МАРС.
Изборот на најпопуларните овогодишни радио хитови како и досега, така и оваа година, ќе биде добиен по пат на селекција од над 40-на локални, регионални и национални радио станици во Македонија. Избраните 15 најслушани песни во македонскиот радио етер ќе се најдат на финалната вечер на Македонскиот радиски фестивал 2015-та, кој и оваа година ќе биде директно пренесуван на првиот канал на Македонската радио телевизија.
А листата на песните и изведувачите кои ќе се појават на сцената на МОБ и МАРС 2015 ќе се знаат во текот на следните неколку дена, кога и Музика24 ќе Ве информира и воедно ќе Ве запознае со сите новитети за овогодинешното фестивалско издание.
Подготви: Марија Поповска