Во прв ред

На 29-ти јуни ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен куќата на Тоше Проески (Фото)

На 29-ти јуни (Среда) ќе се одржи хуманитарниот концерт „Детска Насмевка за овој Свет” во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.

29-ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име.
Пејачите Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“.
Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.

Хуманитарниот концерт е во организација на „Play Without Boundaries” во соработка со спомен куќата на Тоше Проески. „Play Without Boundaries“ (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е започната во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески.
Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, и одпочнувајќи со овој прв хуманитарен концерт и во Македонија.

Можеби ќе ве интересира: