Оровник , Охрид годинава за прв пат ќе биде домаќин на првиот Фестивал за стари изворни македонски песни кој ќе се оддржи на 7-ми и 8-ми август. Како што велат организаторите, на овој фестивал свое учество ќе земат 15-на познати македонски естрадни уметници. Идејата за оддржување на ваков фестивал не е да се направаруваат изведувачите помеѓу себе, туку едноставно да се зачува автентичната македонска музика, изворната песна и мелос, македонската традиција и музичко културно наследство.
Конкурсот за пријавување е отворен уште само неколку дена, односно, до 30-ти јули. Медиумски покровител на овој прв фестивал од ваков карактер е ИН продукција, односно, сателистската австралиска ИН телевизија која емитува македонска програма 24/7.
Подготви: Александра Блажевска