Во прв ред

На Кратово едноставно му се случија “Златните денови” (Фото)

Ако првиот ден Кратово имаше публика која едноставно уживаше во музичкиот избор и она што “Златни денови 2015” го понудија на својата програма, вчерашниот ден го достигна врвот на она што може да се нарече одлично подготвна и однапред осмислена музичка манифестација даде што се знаеше секој детал однапред. Организаторите се потрудија и во текот на денот, градот да го добие оној белег и да живее исто како и во вечерните часови. Беа организирани низа настани кои беа во склоб на музичката манифестација “Златни денови” кои исто како и во текот на ноќта, така и во текот на целиот ден ја привлекувaa публиката и сите оние заинтересирани кои сакаа лично да се уверат и да уживаат во она што се нуди насекаде низ градот.

И ние новинарите, како дел од оваа манифестација бевме почестени со мала туристичка прошетка низ градот каде што на овој или оној начин осознавме нови работи за потеколото и создавањето на ова интересно место, кое како што велеше нашиот туристички водич Лидија, овој град е град на многу мостови и кули.

Но, секако, вчерашната кулминацијата беше достигната со започнување на последната вечер од второто издание на “Златни денови 2015” каде на сцената пред многу илјадната публика се појавија Чалгија Саунд Систем кои со својата специфична и истовремено интересна музика ја забавуваа публиката која стануваше се побројна и побројна. По еден час забава и дружење, на сцената по кратка пауза се појави и познатата македонска поп пејачка Елена Ристеска која во моментот е актуелна со нејзиниот најнов сингл “Доживотно”, кои секако беше дел од нејзиниот репертоар. Таа на сцената ги изведе и добро познатите нејзини хитови, како и песни од други познати изведувачи кои публиката многу добро ги познава, а истовремено и ги пееше со неа.

Zlatni denovi_Elena Risteska Zlatni denovi_Calgija Saund SistemЅвездата на вечерта и на овогодинешното второ издание на “Златни денови” во Кратово беше познатиот балкански рокер Бајага со неговите Инструктори кои некаде околу 22.45 се појавија на сцената и комплетно го наполнија градот, во кој што како што имавме можност и лично да се увериме имаше присутни и од Скопје, Куманово, Велес, Штип… и останатите градови од Македонија.

Вечерта, исто како и минатата, заврши на градскиот базен каде што познати македонски DJ-и ја забавуваа и анимираа публиката со позната хип-хоп музика. Со завршувањето на вчерашната втора вечер, всушност и заврши официјалниот дел од второто издание на оваа веќе голема музичка манифестација, која рака на срце, од година во година добива на големина и внимание како од медиумите, така и од публиката која оваа година беше многубројна.

Zlatni denovi_vecerna zurkaМоже искрено да кажеме дека е задоволство да се работи со професионална екипа која стои зад организацијата, како и со колеги од другите медиуми кои несебично во секој момент сакаат и се трудат да помогнат кога нештото нема да биде онака како што е замислено. И ние новинарите кои бевме дел од оваа манифестација се потрудивме да се забавуваме, освен што ќе известуваме и направивме неколку селфи фотографии со дел од нашите познати музички имиња како и со гостите од “X Factor Adria”.

Zlatni denovi_novinari_bobi mojsoski Zlatni denovi_novinari_david temelkovДенес со започнување на Златното славејче во 11.30 официјално и се затвораат “Златните денови” во Кратово, а водител на Златното славејче е познатиот пејач и водител Влатко Илиевски кој традиционално речиси секоја година е водител на можеби најголемата детска музичка манифестација.

Се надеваме и веруваме дека сите вие кои бевте дел од “Златни денови” во изминатите неколку дена во Кратово зад себе имате интересни спомени и дека и следната 2016-та година оваа голема музичка манифестација која веќе прераснува во традиција, ќе биде дел од туристичката мапа на Македонија како и дел од вашите планови за добро поминат викенд во едно мало, но сепак интересно гратче во Македонија.

За Музика24 од Кратово: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: