Во прв ред

Најавен и втор концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Македонската филхармонија

После распродавањето на првиот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ по повод 20 години од издавањето на aлбумот ,,Трета мајка”, закажуваме и втор концерт за сите оние кои не успеаја да набават влезници, и тоа на 2ри јуни, во Македонска филхармонија со почеток од 20:30 часот.

На 1ви и 2ри јуни, македонската публика ќе има ексклузивна шанса после навистина долго време, во интимна атмосфера како онаа на Македонска филхармонија да ужива во изведбата на албумот ,,Трета мајка”, ,,Крушево” и сето останато што го имаат подготвено големите мајстори на гитарата, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Воедно, ексклузивно во Македонска филхармонија, на 1ви и 2ри јуни ќе имате и ексклузивна шанса да си го купите својот примерок од изданието ,,Трета мајка” на винил, потпишано од страна на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. Влезниците за вториот концерт ќе бидат пуштени во продажба од среда (15-ти мај) во 09 наутро онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и
1.990 денари.

Можеби ќе ве интересира: