Во прв ред

Најавен првиот концерт на Амира Медуњанин во Скопје

После концертот во нејзиниот град Сараево ова лето, Авалон Продукција ќе го организира првиот концерт на Амира Медуњанин во Скопје на 11-ти октомври. Амира Медуњанин – еден од реално најголемите европски етно – world вокали во моментот ќе има ексклузивен концерт во Македонската Филхармонија.

“Амира Медуњанин оваа година одржа повеќе од 50 концерти низ целиот свет и претставува наша голема чест и задоволство што токму ова е наш прв проект оваа есен во Македонија”, велат од авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (15.09.2022) низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по ценa oд 1.200 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 1.500 денари.  Поради зафатените термини на Амира, се одржува само еден ексклузивен концерт!

Можеби ќе ве интересира: