Во прв ред

Најавено 4-то издание на “Златни денови“ во Кратово

Од 30-ти јуни до 2-ри јули во градот на кулите и мостовите Кратово, ќе се одржи 4-то издание на фестивалот “Златни денови“. Оваа година на сцената на градскиот плоштад во Кратово ќе настапат: Бона Деа, Александар Тарабунов, Александра Јанева, “Браво Бенд“, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ – Кеба, Јана Бурческа и Слаткар на 30-ти јуни. На 1 јули во сабота ќе настапат: етно составот – Вез од Штип, “Пеперминт“, Калиопи и “Трибјут ту Бјело Дугме“. За 2-ри јули е предвидена 3D забава во базен дискотеката во Кратово.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: