Во прв ред

Најдобрите забави за празниците ќе бидат во INclusive диско

2022 полека изминува, а Новогодишната атмосфера се загрева. Пред нас се многу празници и слободни денови, а за забавата да биде комплетна неизоставен дел е ноќниот живот. Како и во годината зад нас, INclusive диско се погрижи забавата за празниците да биде на ниво кое му доликува на дестинација каква што е Охрид. Бројните посетители од земјата и регионот ги очекуваат незаборавни журки со разновидна програма за сечиј вкус.

Во викендот кој ни претстои, петок (23.12) е резервиран за забава со Тоше Ангелевски, а во сабота (24.12) Ве очекува голема забава по повод 1 година од отворање на INclusive.

Новогодишната атмосфера започнува на 30-ти декември со Андријана Петрушевска, а за дочекот на Новата 2023 година (31.12) ќе Ве забавуваат DJ Martino и DJ Architect. За убав почеток на годината, 2023 година ја започнуваме спектакуларно! На 1-ви јануари во INclusive ни доаѓаат Амадеус бенд, а постновогодишнита забава продолжува со Зоран Илиев на 2-ри јануари.

Се разбира и за Божиќниот викенд, незаборавна забава ќе биде во INclusive диско. На 6-ти јануари Ве очекува мегапопуларниот Амар Гиле, а на 7-ми јануари на подиумот ќе биде Мајк Рајд.

Можеби ќе ве интересира: