Во прв ред

Најдоброто од Игор Џамбазов по битолски

На 15-ти декември 2023 година во Центарот на културата во Битола со почеток во 20 часот „Најдоброто од Игор Џамбазов“ во Битола. На сцената ќе го придружува и неговиот блуз-соборец Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.
Влезниците се достапни на mktickets.mk, како и во билетарата на Центарот за култура во Битола. Бидејќи ќе биде „The best of“ концертот ќе се снима со најсовремена опрема за потребите на телевизиски проект. Оваа година е година на јубилеи за Игор Џамбазов, 60-ти роденден и 30-годишнина од соработка меѓу него и Гуру Харе, а јубилеите имаат смисол само ако се прославуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 15 декември, кај и да си, во Битола да си!

Можеби ќе ве интересира: