Во прв ред

„Најдоброто од Копров” на Скопско лето

Дирекцијата за култура и уметност најави ексклузивен концерт „Најдоброто од Копров“ на Ана Петановска, на 04.07.2024г. во 20:30 часот во Македонската опера и балет.

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.

Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.

Билетите се во продажба на mktickets.mk

Можеби ќе ве интересира: