Во прв ред

Најдоброто од Владо Јаневски во Македонска филхармонија (Фото)

Реално, македонската музика нема голем број на легенди, а уште помалку, ѕвезда која истовремено е и легенда и константно актуелна со нов материјал. Владо Јаневски тој статус го има заслужено поради навистина огромниот број на вечни хитови и евергрини, но и редуцираниот број на концерти со својот многуброен бенд.

„Богатиот музички каталог на Владо Јаневски никогаш не бил отсвирен во полн состав на бенд во интимно издание, па така, на наше задоволство, го убедивме дека е време за интимна средба со неговата публика оваа есен, на многу адекватен простор кога е во прашање неговата музика – Македонска Филхармонија“, велат од Авалон продукција.

Влезниците се веќе пуштени во продажба од вчера (13-ти септември) по цена од 1.500 денари онлајн нa ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Се разбира, знаете што треба да направите кога се концертите во Македонска Филхармонија во прашање.

Можеби ќе ве интересира: