Во прв ред

Најголемата рок легенда на балканските простори Горан Бреговиќ – роденденски и јубилејно со голем концерт во Скопје (Фото)

Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните „Бијело дугме“ и на само еден ден пред 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Бреговиќ во Скопје доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика да ги прослави овие два убави поводи – роденденот и јубилејот.

„Бијело дугме“ е основано во Сараево во 1974 годна со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ. Првиот албум „Кад би био Бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард-рок музиката со балканскиот фолк. Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика, свет во кој влезе по „Бијело дугме“. Особено впечатливи се неговите соработки со Емир Кустурица, а музиката која носи јужнословенски и ромски теми е фузија на популарната музика со традиционалната полифона музика од Балканот, со тангото и дувачките орекстри.

„Не носете подароци, вие сте мојот најголем роденденски подарок. Дојдете затоа што спектаклот нема да изостане и да – ‘ко не полуди, тај није нормалан’“, вели Брега во својата порака до македонската публика, која на 23 март ќе има уникатна можност во една вечер да ги слушне најголемите хитови на овој музички гениј.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку Купи Карти За Се и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1200 денари за партер, 1800 за фанпит, додека сребрените и златните седишта чинат 1400 и 1800 денари. Влезницте за вип делот се 2500 денари.

Можеби ќе ве интересира: