Во прв ред

Најголеми пофалби за Angels cafe

Само неколку дена пред настанот Ви ја најавивме неделната агенда на Вашето и наше омилено место.  Не се сомневам дека facebook профилите на сите присутни  се здобија со по најмалку една нова фотографија направена во прекрасната тамошна атмосфера, a највеќе ме радува што гостите не беа само штипјани. Во петокот DJ Mawrteen кој пред некое време заедно со гостинот од Америка, DJ Latin Prince ја направи најпосетената забава, овој пат, повторно, без многу труд успеа да не расположи со Hip Hop хитовите.

Саботата…ех, тоа е посебна приказна. Главните виновници беа DJ Ivan &  DJ Vasile. Првиот одговорен за загревањето, во музичка смисла, а другиот за уште повеќе да ни го привлече, но и задржи нашето внимание. Можеби најголемото волшебство беше во тематската забава, во подарувањето маски и мистичниот момент со прекривањето на ликот. Можеби тоа беше и причината за масовната посетеност. За неделата и за Shine што и да кажам малку би било. По којзнае кој пат покажаа дека се најдобри во тоа што го работат, а секое дружење со нив е интересно на свој начин и е сосема ново искуство. Дали постои формула за нивниот успех, не знаеме но, најмалку што можеме да кажеме е БРАВО, зошто не треба долго да ги слушате и гледате за да почнете да се восхитувате на нив и нивниот талент. По горе наведеното, заклучокот е дека изминатиов викенд беше полн погодок. Ќе им биде ли доволно голем предизвик на неуморните организатори да го повторат  сето тоа со нови содржини? Кога веќе ги знаат нашите желби, останува да видиме со што ќе не изненадат викендот што претстои. Се надевам, ќе ги задоволат нашите очекувања. Нашиот портал Музика24 е повеќе од музика, а Аngels cafe е повеќе од рај.

Од Штип за Музика24: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: