Во прв ред

Најпопуларните балкански ѕвезди ова лето во Охрид !

Во организација на Балкан медија и Прагма продукција, Охрид летово ќе биде домаќин на концерти на најпопуларните и најактуелни музички ѕвезди од регионот.

Балканската број 1 ѕвезда во моментов Теодора Џехверовиќ и мистериозниот Devito ќе имаат заеднички концерт во Охрид на 24-ти јули на просторот кај Охридската касарна. На 1-ви август, во Античкиот театар ќе одржи концерт хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо. Додека датумот за заедничкиот концерт на контроверзниот рапер Раста и Милица Тодоровиќ, сеуште не е објавен.

Влезниците за концертот на Теодора и Devito се веќе во продажба. Додека влезниците за концертот на Грашо, се пуштаат во продажба од 7-ми јули.

Можеби ќе ве интересира: