Наместо да се реновира, Универзална сала ќе се урива (Фото)

Деновиве Град Скопје објавил конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк наречен “Универзална”. Тие во конкурсот за сите оние кои ќе конкурираат и бидат одбрани предвидуваат и награди. На пример, за првонаграденото решение доделуваат 180.000 денари, за второто 120.000, дедека за третонаграденото решение доделуваат 60.000 денари. И сето тоа спакувано со рок на достава до крајот на месец август.

Се прашуваме и јавно ќе го прашаме Градоначалникот на Град Скопје Г-нот Шилегов, која е потребата токму сега да се урива нешто што има големо значење за Скопје, и токму сега кога останаа уште многу малку вакви објекти во нашиот главен град, кои искрено нам скопјани многу ни значат. Наместо да се вложат финансии (во минатото за разно-разни глупости се вложуваа и непотребно се трошеа финансии) и Универзалната сала од нула да се реновира, воедно да се задржи надворешниот и делумно внатрешниот изглед, поминаа години и години како таа веќе не е во функција. Направете се за да проработи и профункционира, но не правете се за да ја срушите, бидејќи на крајот на краиштата тоа е најлесно, но споменот од тој објект нема никогаш и ништо да се надомести.

Колку само за информација доколку не сте знаеле, со капацитет од 1.568 седишта, Универзална сала од први јануари 1966 година стана дом на срцата на вљубениците во културата и уметноста, место каде што се креираше македонскиот културен и уметнички модернизам. Во 50 години од постоењето Универзална сала беше домаќин на повеќе од 300 театарски претстави проследени од над 250.000 луѓе, 17 мјузикли и 60 оперски претстави проследени од околу 75.000 љубители на музиката. Од 1966 година до денес се одржани повеќе од 170 џез-концерти, 74 балетски претстави, 35 концерти на етно-музика, над 150 концерти од областа на сериозната музика, околу 100 хуманитарни претстави, повеќе од по 600 концерти од забавната и од народната музика, како и 970 претстави и концерти за деца. Заедно со останатите 2.500 културни настани, во Универзална сала за 45 години се одржани околу 5.000 настани, кои ги проследија нешто помалку од седум милиони посетители.

На веста за рушењето на Универзална сала реагираше и македонскиот хип-хоп артист, препознатливиот и на далеку познат Панчо од групата “ДНК” кој преку Фејсбук статус директно му се обраќа на градоначалникот на Скопје и на сите оние кој го гушкаа ГТЦ кога тој требаше да се менува и доградува и сите оние кои се вработени и работат во администрацијата во Град Скопје.

“Абе ќе ја гушкате универзална или ве вработија во администрација и по функции па некако не ви се гледа нит слуша а 🤔
А ти Петре да си рушиш и реновираш можеш по дома ова не е нит на мајка ти нит на татко ти, а уште помалце твое. Не можеш да рушиш традиција, историја и симбол на еден град па и на државата, ама па што знаеш ти од уметност и традиција така да ништо ново за тебе 🤡🤮🤡🤮
#УниверзалнаСалаСимболНаСкопје

Абе ќе ја гушкате универзална или ве вработија во администрација и нафукаа на функции па некако не ви се гледа нит слуша…

Gepostet von Vladimir Blazev am Dienstag, 28. Juli 2020

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.