Менаџментот на Rudimental поради неодложни оправдани приватни причини го откажа својот настап закажан за вечерва во Охрид, се вели во соопштението до медиумите. Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите соопштија дека, наместо Rudimental, вечерва со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото Milk and Sugar. Освен сетот на овие двајца ди-џеи, посетителите ќе добијат и бесплатен пијалак по сопствен избор.
Сите оние кои сакаат рефундирање на средствата за веќе купените влезници за Rudimental, можат да го направат тоа на продажните места од каде што ги купиле влезниците. Оние што сепак ќе одлучат да прослават на Немо, освен настапот на Milk and Sugar, ќе го слушнат и ди-џеј сетот на ди-џејот од Њујорк, Francis Mecier, како и сетот на ди-џеј Бабура. Групата на својата официјална Фејсбук страница напиша дека причината поради која го откажаа настапот е бидејќи не можеле навреме да стигнат до Охрид. Од менаџментот уверуваат дека настапот ќе се реализира од месец септември во Скопје.
Подготви: Редакција Музика24