Во прв ред

Наместо вечерва, претставата “Кој е тука идиотот?” презакажана за 14-ти мај

Претставата која со нетрпение ја очекувавте со месеци и која што ќе се раскажува со години, наместо вечерва 7-ми мај, истата ќе имате привилегија и ретка можност да ја погледнете на 14-ти мај (за една недела), на веќе закажаното место Домот на АРМ во истото време 20 часот. Веќе купените карти важат, велат организаторите, а оние карти кои преостанаа можете да ги купите по цена од 400 денари.

Миленикот на балканските жени, шармантниот, духовитиот и оргинален Милан Калиниќ и неверојатниот, луцидниот и харизматичниот Срѓан Ивановиќ ќе Ви го дадат одговорот на круцијалното прашање на денешницата: Кој е тука идиотот?! Претстава која вистински ќе Ве насмее до плачење, претстава која ќе Ве освежи, која ќе Ви ги реновира и духот и телото.

Одморете се и уживајте со една од најдобрите комедии во последните десет години, комедија која ја виделе повеќе од 70.000 илјади луѓе.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: