Во прв ред

Наш став: “Твоето лице звучи познато”

Иако многумина за прв пат слушаат за ова големо светско тв шоу кај нас во Македонија, тоа низ светот е повеќе од познато и гледано, а од минатата година се емитува и реализира со откупена лиценца во соседна Србија. Претпоставуваме дека многумина од Вас веќе ги имаат гледано епизодите од минатата сезона на ова тв шоу на светскиот интернет канал You Tube и отприлика знаете која и каква ќе биде улогата на секој од натправарувачите кои се секако познати музички или јавни личности.

Пред само неколку дена на националната ТВ Сител започна емитувањето на првата епизода од втората сезона на “Твоето лице звучи познато”. Овој пат, за наша среќа, намерно или ненамерно организаторите не вметнаа како учесници во ова тв шоу со свој музички претставник, а секако веќе знаете станува збор за нашата позната поп пејачка Елена Ристеска-Ивановска. И уште од самиот старт таа ги освои симпатиите на речиси сите оние кои го гледаа првото издание на ова шоу во оваа сезона, а како прва задача нашата Елена имаше превизвик и на некој начин привилегија за момент да ја долови и имитира хрватската и балканска пејачка Северина.

Некои ќе речат дека настапот беше одличен, некој пак не, но едно сите ќе се сложиме, Елена до сега никогаш порано немала ваков секси настап каде на неколку наврати таа е нежно допирана дури и плесната по својот задник. Дали ваков настап некогаш од Елена или сличните на неа музички имиња ќе доживееме тука во Скопје, или друг град во Македонија искрено незнаеме, но претпоставуваме го знаете одговорот. Но како и да е, таа одлично се претстави го долови она за што беше и појавена на сцената.

Но ние како Специјализиран македонски музички портал се прашуваме следејќи ги ваквите тв шоу-а и разно разни избори на музички таленти, каде и ние како македонци сме на овој или оној начин вклучени, зошто секогаш кога ќе се појави наш музички претставник во Србија, секогаш ама буквално секогаш ние односно таа личност која не претставува како Македонија мора да зборува на српски? Ако Македонија ја претставуваш тогаш зборувај на македонски, а тие што не поканиле, повикале или вклучиле во тој проект во постпродукцијата или ќе вметнат титл или пак на некој друг начин каде ќе го преведат она што сака нашиот македонски претставник да го каже. Се е одлично и се е толку добро и осмислено и реализирано, имаме толку многу таленти, а во ова тв шоу им покажавме што и како можеме, но едно незнаме да се цениме себеси и својот јазик, бидејќи ние сме македонци, никој не зборува на македонски во нашата земја кога ќе ни дојде на гости, зошто ние тоа да не го правиме кога ќе заминеме некаде во соседните земји и се трудиме да го зборуваме нивниот јазик.

Во ова тв шоу, освен Елена дел од шоуто се и Драган Којиќ – Кеба, Неда Украден, Тања Савиќ, Бане Мојиќевиќ, Чипи, Иван Јевтовиќ, Јелена Гавриловиќ, Катарина Богичевиќ, Ненад Окановиќ, додека дел од жирито се водителот Иван Ивановиќ, минатогодишната победничка Ана Кокиќ, актерот Бранко Ѓуриќ – Ѓуро и Марија Михајловиќ.

Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: