Во прв ред

Наскоро DJ Nick Kapa на фестивал во Македонија

Дали сакате забава? Луда журка? Незаборавна ноќ? На 26-ти април на Ракометното игралиште во Битола, конечно ќе се случи забава за која одамна сонувате. Ќе се случи првиот фестивал за оваа година, на кој што ќе настапи еден од најголемите и најпознати светски DJ-и DJ Nick Kapa кој специјално по тој повод доаѓа во Македонија. Освен него, на сцената ќе се појават и познатите DJ-и: DJ Ricardo Hernandez, DJ Bobba Funk, DJ Zarkotech, DJ De La Cruise, DJ KxLer.

Како што вели организаторот на овој голем музички фестивал од овој тип, заборавете ги проблемите, отворете го срцето и подгответе се да присуствувате на најубавиот момент оваа година. Влезниците се пуштени во продажба и можете да ги набавите во следниве неколку места:

  • Продажба на карти во Битола “Gallaxy Caffe”
  • Продажба на карти во Прилеп “Caffe Lido”
  • Продажба на карти во Крушево “Cаffe Repablik”

Не заборавајте, 26-ти април, Ракометно игралиште – Битола, влезот започнува во 20 часот, а почетокот на фестивалот во 21 часот. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е медиумски покровител на овој настан.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: