Во прв ред

Наскоро нов албум: „Дивље јагоде“ со нова рок балада (Видео)

„Zašto ranije nisi došla“ е насловот на вториот сингл на „Дивље јагоде“, кој ќе се најде на претстојниот студиски албум. Овој пат се работи за рок балада отпеана во препознатлив стил од Тони Јанковиќ, а текстот и музиката се на Зеле Липовача.

“Искрено, тешко ми е да предвидам колку време ќе биде потребно за оваа песна да биде препознаена како многу други балади што Тони ги отпеал досега, но верувам дека оваа необична балада наскоро би можела да биде рамо до рамо со песни како „Једина моја „како си топла и мила“, „криво је море“. вели Зеле.

Песната е снимена во студиото Бат со микс и мастеринг на Зоран Швигир – Швигија, а штотуку доби текстуално видео направено од CroRec Video. Рок машината „Дивље јагоде“ не запира и по повеќе од 40 години постоење, а се ближи моментот кога ќе слушнеме што подготвија за нивниот нов студиски албум.

Можеби ќе ве интересира: