Како што дознаваме, наскоро на македонскиот тв етер ќе се појави нов медум наречен Телевизија Бла Бла. Според најавата, тоа ќе претставува нова, урбана, независна и алтернативна интернет телевизија која за разлика од другите веќе постоечки интернет телевизии во Македонија има цел да емитува програмска шема 24 часа.
Најмногу простор ќе отстапува на квалитетната андергаунд, македонска, балканска и светска музика, со повеќе емисии во сопствена продукција, копродукции, како и надворешна продукција. Документарни филмови, студентско кино, независни филмски остварувања, анимации и серијали ќе бидат дел од програмската шема на Телевизија Бла Бла.
Телевизијата ќе почне да го исполнува македонскиот етер од крајот на декември, а од 15-ти јануари 2015-та се планира да започнат да се прикажуваат и првите емисии во сопствена продукција. Дел од продукцискиот тим се млади и веќе докажани луѓе од седмата уметност. Водители на емисиите ќе бидат млади и талентирани момци и девојки кои ќе внесат свежина на програмата, а Виктор Петров – Викса ја има честа да биде главен јунак на телевизијата како веќе докажан бренд на македонскиот радио-телевизиски етер.
Подготви: Синиша Новевски