Во прв ред

Наскоро во Македонија најпознатиот босански панк-бенд “Безбели апстраклије”

“Безбели апстраклије” е теферич панк бенд од Сараево, создаден во 2014-та, кои во фебруари ќе настапат и во три македонски града: Скопје (6-ти фебруари), Гевгелија (5-ти во кафе бар “У”) и Битола (4-ти во кафе бар “Чаршија”) и Штип (3-ти фебруари во Дом на Млади). Апстраклије е зашто се е апстрактно, а безбели е потврден збор во босанскиот јазик. Настанал како желба да бидат “раат од умот”, што единствено можат да го постигнат кога го свират она што го сакаат – песните што се чисти мераклиски импровизации.

“Теферич во Босна е кога се оди на отворено и на ражен се врти јагне, а во исто време се случува и корида на која се борат биковите на локалните селани. Текстовите се инспирирани од средината во која живеат, што е животописна на целиот Балкан. Носат сараевски црниот хумор, посветен на вреѓањето на интелигенцијата на балканците”, појаснија тие.

Бендот го краси карактер дизајн, што се гледа и во стајлингот и изгледот на членовите. Вокалот и гитарист Харис Љумановиќ уште познат како Турбо авазлија, басистот Харис Кадениќ како Басистага и тапанарот Берин Тузлиќ – Естамлија (кој прекарот го добил по ритамот “естам”). “Безбели апстраклије” се бенд што сериозно провоцира секогаш кога ќе засвири, токму заради Тарантиновскиот акцент во нивната урбана музика. Минатата година го издадоа првиот албум насловен “Кад је бал нек је канибал”. Вториот е насловен “Суза сузу стиже”, што ќе ја доживее својата промоција низ неколку градови во Македонија.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: