Во прв ред

Наташа Беквалац ќе одржи концерт во Скопје на 26-ти јуни

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац ќе одржи голем open air концерт во Скопје на 26-ти јуни, на платото пред А1 арена. Ова е првиот концерт сезонава, во организација на Balkan Media. Концертот е предвидено да започне во 21 часот, а картите во строго ограничен број може да се купат во онлајн на http://www.karti.com.mk , Југотон и Розе Веро 2.

Новосадската барбика својот прв настап после долгата пауза поради пандемијата, го одржа на 2-ри јуни на сплав во Белград. Но журката заврши неславно откако почна да тоне сплавот.

Balkan Media исто така најавуваат уште неколку концерти на познати музички ѕвезди од регионот, летово во неколку градови во земјава.

Можеби ќе ве интересира: