Наташа Беквалац ќе учествува на регионална конференција за жени во Скопје

Популарната српска пејачка  Наташа Беквалац ќе им се придружи на Весна Дедиќ и Јелена Бачиќ – Алимпиќ, на 27 ноември во хотелот „Александар палас“ во Скопје на регионалната конференција за жени „Профемина“.

Новосадската барбика за прв пат пред македонската публика  јавно ќе зборува за сè она што го има обележано нејзиниот живот, како професионалните успеси, така и приватните емотивни подеми и падови.

Пред посетителите во хотелот „Александар палас“ ќе ја открие и тајната на својот совршен изглед, својата рутина за нега и разубавување, начинот на исхрана и живот.

Покрај овие познати дами од соседството, учество на конференцијата ќе земат и голем број на познати и еминентни имиња од домашната јавна сцена.

Повеќе на Музика24...