Во прв ред

Наум Петрески со специјални музички гости на концертите во Битола и Охрид

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на јубилејните концерти на познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески кои ќе се одржат во Хераклеа, Битола и Долни Сарај во Охрид, ќе настапат и познати и веќе докажани музички имиња од македонската музичка сцена.

На концертот во Битола кој ќе се одржи на 4-ти август четврток, на сцената на античкиот театар Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата Боеми, Зуица Лазова, Владимир Поповски и Татијана Стефановска.

Додека пак на концертот цо Охрид кој што ќе се одржи на 11-ти август во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски. Како и предходно што Ве информиравме влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

Можеби ќе ве интересира: