Во прв ред

Наум Петрески ве кани на јубилејниот концерт во Метропилис арена

Во организација на “Авард промотион”, утре вечер 22-ри април во Метрополис арената со почеток во 20 часот ќе се одржи долгонајавуваниот и очекуван голем концерт на македонската музичка легенда Наум Петрески. Концертот е по повод големиот јубилеј 30 години на македонската и балканска музичка сцена. Како што велат организаторите, ова нема да биде обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу, на кое освен промоцијата на новите хитовски рефрени од цд албумот на Петрески, “Грло Ненапеано”, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а ќе има многу забава и интересни содржини додека во исто време на славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…

Од продуцијата под чија закрија ги доживува овој ѕвезден јубилеј, нагласуваат овој пат профитот е изоставен во чест на јубијелот и публиката, а влезниците изнесуваат по неопходно мининална цена од 350 денари, само колку да се покријат техничките и сценски трошоци, а секој посетител на концертот ќе добие и подарок, новото цеде “Грло Ненапеано”. Се подготвуваат и многу технички изненадувања на сцена.

Како специјални гости на сцената заедно со Наум ќе застанат и неговите пријатели и колеги, меѓу кои ќе ги споменеме: Виолета Томовска, Зуица лазова, Ѓоко Таневски, Јоце Панов, Румјана Попова и уште неколку музички имиња кои сеуште се држат во тајност. Од “Авард промотион” потенцираат:

“Искрено се надеваме дека на 22-ри април, заедно ќе ја уживаме убавината и ќе ја слушаме македонската песна излеана од кадифениот глас на Петрески, ќе паметиме една незаборавна музичка ноќ”, истакнуваат од продукцијата. Доколку сакате одлично помината вечер исполнета со добра и квалитетна македонска музика, секако овој концерт ви го препорачуваме токму на вам.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: