Наум Петрески: Време е за убава дружба и квалитетна музика (Фото)

Се вели најдобрите секогаш одат во пар, а дека е навистина така ќе се увериме уште еднаш оваа сабота (3-ти октомври) кога најдобриот машки вокал на домашната фолк сцена, после подолга и вонредна пауза, ќе запее на сцената во добро познатиот рибен ресторан „Фиш“ (покрај Вардар).

“Се радувам што конечно ќе се дружам со мојата публика. Ми недостасуваше и мојата публика, но и микрофонот. Подготвен сум како и секогаш за незаборавна дружба, а особено се радувам што мојот прв настап ќе биде токму во рибен ресторан, бидејќи и самиот сум страстен риболовец”, вели Наум, кој за оваа вечер подготвува, како што вели, убав и боемски репертоар.

Вели, ќе пее, пред се, убава македонска музика, а, секако, вечерта нема да помине без неговите најубави песни. Особено се радува што во ова време-невреме, кога заборавивме на убавите дружби, од рибниот ресторан стартуваат со видоизменет концепт на работа и викендите им ги посветуваат на домашните изведувачи и на убавата македонска песна.

“Ме радува фактот што во овие тешки времиња сепак има и една позитивна работа, односно тоа што угостителите ни ја даваат сета доверба и почнуваат да ни посветуваат повеќе внимание нам, но и на убавата македонска песна”, додава Наум. Од тимот на „Фиш“, пак, ветуваат одлична забава, но според сите здравствени препораки и со почитување на пропишаните протоколи.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com