Незапаметен интерес за првиот голем концерт на Влатко Лозановски во Скопје

Како што не информираат нашите соработници од Авалон продукција, кои што се и патем организатори на најголемиот концерт досега на Влатко Лозановски во Скопје, влезници за неговиот концерт купуваат од сите генерации. Од најмлади до најстари и истите се продаваат во сите градови на Македонија. Воедно тоа значи дека доколку не сте си набавиле влезница за неговиот прв и најголем концерт досега, имате уште неколку дена време истото да го сторите.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk по следниве цени и категории:

  • Партер – 500 денари
  • Фан пит – 800 денари
  • Трибини – 700 денари
  • Silver Seats – 800 денари
  • Golden Seats – 900 денари
  • ВИП билети – 1.000 денари

Незаборавајте. 23-ти март, ВИП арена “Борис Трајковски” со почеток од 20.30 часот. Се гледаме на концерт!

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.