Во прв ред

Никола Ѓуричко и „Џони миднајт трио“ на концерт во Скопје

Познатиот српски актер Никола Ѓуричко, заедно со својот бенд „Џони миднајт трио“, ќе одржи концерт на 3-ти јули (среда) во „Јавна соба“ во Скопје.

Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна „Лептир” личи како да е створена во раната фаза на новиот бран, под големо влијание на британската сцена.

Никола Ѓуричко важи за еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, успешен регионален стендап комичар, а глобално се прослави преку ликот на Јури во мега-популарната продукција на „Нетфликс“, „Stranger things”.

Во неговата филмска кариера досега успеа да оформи фантастични ликови во легендарни остварувања како „До коска”, „Молњи”, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур”, „Зона Замфирова”.

Можеби ќе ве интересира: