Во прв ред

“Нокаут” во Битола за Светскиот ден за борба против хепатитот

Здружението „Хепар-центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитот ќе организира низа на активности за одбележување на овој ден.
Една од традиционалните активности е музички хепенинг на Широк сокак. Оваа година на 28 јули од 21 часот на манифестацијата повторно ќе настапи познатиот македонски бенд “Нокаут”. Фронтменот Никола Перевски и бендот со години ја подржуваат оваа кампања и претходно настапуваа во Битола по овој повод. Како што најави организаторот, Пере Нокаут на хепенингот ќе и се обрати на публиката на оваа тема.

Низ ваквата едукација, преку културни активности, како и навремен скрининг се овозможува спасување на многу човечки животи и заштеда на многу средствa, посочуваат од „Хепар-центар“ – Битола.

Можеби ќе ве интересира: