После одличниот концерт кој што Тамара Тодевска ни го подготви во спортската арена “Борис Трајковски”, Горила продукција повторно со најава на уште еден голем предновогодишен концерт. Ако во декември 2011-та бевте дел од нивното кабаре, во декември 2014-та уживавте во опуштениот и интимен амбиент, оваа 2015-та групата Нокаут повторно ќе бидат Ваши домаќини на концертот кој што е закажан за 24-ти декември исто така опуштено во најдобрата спортската арена “Борис Трајковски”, каде што специјални гости ќе бидете само Вие.
Картите се веќе пуштени во продажба, и истите можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс. Незаборавајте, 24-ти декември со почеток во 21 часот. Да ја завршиме и оваа година позитивно и со одлично и убаво расположение.
Подготви: Марија Поповска