На предлог на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје, Универзалната сала во Скопје е преименувана во Универзлана сала “Тоше Проески”. Новиот објект кој што ќе се гради на местото на сегашната Универзална сала, според планираното, ќе претставува мултифункционален објект што ќе содржи повеќе сали и истиот објект ќе го носи името Конгресен центар “Александар Македонски”, во чии рамки ќе биде и Универзалната сала “Тоше Проески” чии билети веќе се знае како ќе изгледаат според дизајнот.
Подготви: Редакција Музика24