Во прв ред

“Нови фосили” со концерт на летниот музички фестивал “Охрид фест 2015”

По дведецениско отсуство од Република Македонија, некогаш мега-популарната поп група “Нови фосили” ќе одржи концерт за своите македонски фанови. Настанот ќе се одржи на 26-ти август, на Летната сцена во Долни Сарај во Охрид, во рамките на Интернационалната вечер на 22-то издание на фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”.

Публиката ќе има можност, заедно со Сања Долежал, да ги испее најголемите хитови на оваа група: “За добра стара времена”, “Милена генерацијо”, “Кошула плава”… и многу други, како и новите нумери со кои Сања и Владимир Кочиш – Зец се извесно време присутни на топ листите во земјите на поранешна Југославија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: