Во прв ред

Ново дружење во Аngels cafe

Изминатиот викенд Dj Latin Prince и DJ Loco Baby овозможија да се чувствуваме прекрасно и лудо да се забавуваме во Angels cafe. Гостинот од Америка, не прошета низ стиловите и ни откри дека секогаш работи нешто ново, зошто така побрзо и поубаво му минува времето. Во Angels cafe гостува неколку пати и поради тоа што сме одлични домаќини или подобро речено поради топлото добредојде, тој се чувствува ко да е дома. Откри уште дека девојките овде се преубави и му се вистинска “незгода”, а и тоа дека ја обожува нашата храна, вкусните традиционални јадења. Настанот во целост помина со огромна посетеност, што не беше никакво изненадување. Научени сме досега од организаторите во Angels cafe дека убавите моменти се повторуваат. Овој викенд дружењето ќе го разубават:

  • HipHop & RnB – DJ Goce Saf (петок)
  • Hospital Party – DJ Marga Sol (сабота)
  • Стара Нова година – No End, DJ Vasile, DJ Abrash (недела)

Вашето отсуство нема да го оправдаме, но сепак знаеме дека тоа нема да се случи, бидејќи ќе не почестите со присуство, од причини што Вашиот избор секогаш е и ќе продолжи да биде Аngels cafe.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: