Предновогодишно изнендадување на “Љубојна”

На 22 декември “Љубојна” ќе има прв акустичен концерт пред македонската публика. Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, со почеток од 19:30 часот.

“Ова е вистинска можност за публиката во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на групата. Акустичното е за душа, акустичното е за мерак!”, велат од “Љубојна”. Вокалот Вера во интервју за порталот “Репортер” најавави дека кон крајот на оваа година ќе имаат концерт, но точно не прецизираше што и како.

“Со ова ќе одбележиме 18 години од формирањето на бендот”, рече таа. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 22 ноември (петок) преку продажната мрежа на kupikartizase.

Повеќе на Музика24...