Во прв ред

Објавена целосната музичка програма на “Winterland” – Скопје (Фото)

Град Скопје ги најавува новите случувања во склоп на “Winterland” кои ветуваат многу забава за сите посетители. Досега покрај Јелена Томашевиќ, српскиот легендарен бенд “Негатив”, на големата бина настапија и македонскиот колектив Нокаут, There Band, Бендоф, DJ Чваре и Дац и Александар Митевски.

Од 13-ти декември следуваат настапите на: ПерпетуумМобиле” од Суботица, Дани, “Ки Куманово”, охриѓаните “Шајн”, DJ Панчо, “Саут Парк”, “Кепурхат”, Битолскиот камерен оркестар и Викторија Лоба. Последната недела од “Winterland” настапуваат: “ПлутосДаубтс”, “Брејкдаун Бенд” и Пеце од “Суперхикс”, DJ Гоце САФ, “Аудио Скопје”, “Куку Леле” “Eye Que”, легендарниот Дарио и “АнтиАрт Леа”.

На претпоследниот ден од годината, “Поп-арт бенд” ќе ја затворат музичката програма на годинешниот “Winterland”. Покрај музичките настапи, детската програма е на агендата секој работен ден од 17 до 19 часот. Театарски претстави, боенки, аниматори, пантомимичари, маскоти и Дедо Мразовци ги анимираат најмладите и нивните родители на големата сцена на скопскиот плоштад.

Посетете го новогодишниот базар и почувствувајте ја новогодишната атмосфера во центарот на градот.

Можеби ќе ве интересира: