Во прв ред

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА: Македонските изведувачи доминираат на „Пиво фест“

Една од најпознатите манифестации во Македонија, прилепскиот „Пиво Фест“ оваа година ќе се одржи по 18-ти пат. Фестивалот на пивото и скарата, ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули на добро познатата локација во центарот на Прилеп. Изминатиов период во јавноста неколку пати излегуваше  неофицијална и непотполна програма на манифестацијата a денес е објавена целосната програма. За прв пат после долги години на програмата доминираат македонски артисти и бендови, единствени кои оваа година доаѓаат од регионот се „Галија“, „Дивље јагоде“ и „Балканика“.

На првата фестивалска вечер (14.07) ќе настапат: Елена Петреска, Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, „Љубојна“, „ДНК“, Џамбо Агушев и „Boca Konga“. Следната вечер (15.07) ќе настапат „Рок блуз бенд“, Игор Џамбазов и „Гуру Харе“, „Нокаут“, „АРЕА“, „Дивље јагоде“ и „Brass brothers“.

Третата фестивалска вечер е резервирана за „Peachers“, „Next Time“, Лозано, Ламбе Алабаковски, Владо Јаневски и Вера Јанковиќ. За финалната вечер во недела, на програмата се Никола Зацески, Елена Велевска, „Балканика“, Нино Величкоски, „Темпера“, „Суперхикс“, „Галија“ и „Меморија“.

На социјалните мрежи деновиве е актулено наводно отстранвуање на Влатко Стефановски од листата на изведувачи поради неговите лични ставови, но организаторот ги демантираше овие информации.

Според информациите кои излегоа во јавност буџетот на Општина Прилеп изнесува два милиони денари а останатите средства се од спонзори.

 

 

Можеби ќе ве интересира: