Во прв ред

Објавена програмата за битолската „Зимска приказна“

Општина Битола и оваа година подготви културно-забавна програма во деновите пред Новата година па се до дочекот на Новата 2024 година. Програмата започнува на 23-ти декември а завршува на 31-ви декември со дочекот на Новата година. Програмата ќе се реализира на две локации, и тоа во Старата чаршија и Офицерскиот дом.

Програмата во Старата чаршија се состои од настапи на хорови, културно-уметнички друштва, основни учишта, здруженија на граѓани и локални фолк и староградски музички состави. Во текот на денот на платото на Офицерскиот дом ќе се одржува off програма со диџеји а во вечерните часови настапуваат локални артисти и состави.

Целосната програма по денови во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: