Објавена програмата за “Skopje Calling 2020”

“Skopje Calling” оваа година се враќа во старата омилена електронска форма, во вид на еднодневен фестивал на старата, сега веќе легендарна локација АРМ стадион – 5-ти јуни 2020 година (петок), со line up приспособен за сите генерации и сетила на љубителите на електронската музика!

Фестивалот ќе го отворат навистина се подобрите Cyrillic, после нив доаѓа диџејот познат кај нас по добрата забава во Охрид, Maurice West. Потоа е на ред еден од најактуелните светски хит мејкери Mahmut Orhan кој доаѓа за прв пат во Македонија на голема сцена, како што му прилега на еден толку квалитетен диџеј. Како ултимативни хедлајнери на вечерта се Vini Vici, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали. За шоуата на Vini Vici навистина не треба да се трошат зборови – тоа е нешто што мора да се доживее.
За да биде line up-от совршен, како late night closing set ја имаме нашата жива, во секој смисол на зборот легенда, Кирил Џајковски во живо.

Кога се во прашање бината, звукот, светлото и пиротехниката, се разбира дека тие ќе бидат на ниво најголемите светски фестивали. Заради што поголема масовност и рушење на рекорди по посетеност на настани во главниот град, организаторот се одлучи за цена на влезници која е апсолутно достапна на сите за ваков сериозен спектакл, и тоа:

Партер – 1.000 денари

Фан Пит – 1.500 денари и

ВИП – 2.000 денари

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 11-ти март (среда) во 09 часот наутро, во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и оналјн на avalon.mk.

Повеќе на Музика24...