Во прв ред

Објавени се првите настапи на Music Awards Ceremony на 29 јануари (Видео)

Три големи регионални музички ѕвезди потврдија дека настапуваат на MAC: Бајага, Петар Грашо и Сергеј Четковиќ се првите објавени имиња чии настапи публиката од регионот ќе може да ги види на бината на Штарк Арена на 29-ти јануари. Skymusic потврди дека Бајага и Инструктори настапуваат на првото регионално доделување на музичките признанија MAC, а тоа не смее да се пропушти.

Посетителите од Србија неодамна покажаа во која мера го сакаат Бајага. Штарк Арената беше полна до последното место, но еве нова причина за радост и тоа повторно во Штарк Арената на манифестацијата Music Awards Ceremony на 29 јануари.

“Мило ми е дека прв пат ќе се организира манифестација како With Best Regards во Белград и која на професионален и врвен начин ќе направи еден музички пресек на се што е најквалитетно и најпопуларно во целиот регион. Се гледаме на MAC воедно да прославиме 35 години музицирање на Бајага&Инструктори. Добре дојдовте!”, порачува Момчило Бајагиќ – Бајага, најавувајќи го својот настап на манифестацијата.

Уште една од најголемите регионални музички ѕвезди доаѓа на MAC. Петар Грашо ќе настапи на сцената на Штарк Арена на 29-ти јануари, па по тој повод вели:

“Манифестацијата MAC и самиот концепт е исклучително важен и создава поширока слика на она добро што се случува на музички план во регионот, и воедно ги собира сите квалитетни изведувачи кои ја обележаа годината, како во етерот така и во полните сали. Се радувам што ќе бидам дел од спектаклот”.

Третата голема регионална ѕвезда која со својот настапи ќе ја збогати MAC е Сергеј Четковиќ, кој дава духовит одговор на прашањето за тоа што прво помислил кога слушнал за MAC. Погледнете го одговорот во продолжение.

MAC ќе ги собере најголемите регионални музички ѕвезди на едно место, а организаторите најавуваат дека во следните денови ќе бидат објавени и останатите имиња на изведувачите кои настапиле на манифестацијата.

Можеби ќе ве интересира: