Во прв ред

Од 15 јули „Спортско-културно лето” во Неготино

Турнири, театарски претстави и концерти, ќе бидат дел од манифестацијата „Спортско-културно лето” во Неготино што ќе почне на 15-ти јули и ќе трае два месеца.

Како што информира денеска градоначалникот Горан Стојанов, манифестацијата ќе придонесе за збогатување на општествениот и културно-забавниот живот во општината.

“Оваа година во рамки на „Спортско – културно лето 22”, што прв пат ќе биде презентирана како единствена целина, ќе бидат одржани голем број настани: турнири во повеќе спортови, театарски претстави, концерти, како и настани за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност и настани со стопански карактер”, рече градоначалникот.

Според Стојанов, за одбележување е организацијата на познатата „Неготинска музичка вечер 2022”, во рамки на која ќе настапат повеќе познати музички ѕвезди, а ќе се одржи на градскиот плоштад.

“Подетални информации за предвидените настани општина Неготино ќе објавува пред почнувањето на секое од планираните случувања. Ги покануваме сите граѓани на општина Неготино, но и други гости, масовно да ги посетат предвидените настани и да уживаат во понудените содржини”, рече Стојанов

Можеби ќе ве интересира: