По четврти пат Angels Cafe ќе добие плажа. Summer Beach Festival 4 тотално го трансформира добро познатото Angels Cafe, се внесува песок и сите потребни реквизити за на момент да се чувствуваме како да сме на плажа. Се започнува на 7-ми август и во наредните два дена ќе функционира како вистински бич бар. Искуството е веќе големо од минатите години и тимот на Angels очекува посетеност на повеќе од 7.000 илјади млади луѓе како од државата така и од надвор. Фестивалот од година на година расте и тоа е одлична причина да бидете таму и да ги проследите сите 19 ди-џеј сетови на реномирани ди-џеј имиња како од земјава така и од САД, Грција и Србија.
Многу коктели, дневни и ноќни забави, меѓу кои пена парти, колор бич парти, многу позитивна енергија и квалитетна музика. Тоа е она што ќе го направи доживувањето поголемо! Ако досега не сте го посетиле Summer Beach festival, оваа година имате доволно време да се подготвите и право на плажа во Angels Cafe.
Подготви: Редакција Музика24