Од Миконос на журка во Скопје – Chris IDH за старт на Intermezzo Music Rituals

И официјално утревечер стартува Intermezzo Music Rituals и тоа со сетот на Chris IDH, едно од најголемите имиња од соседството кога е во прашање хаус сцената.

Роден е во Атина во 1989 година, а интерес за музика покажал уште во детството. И не само тоа, туку и низ годините го надградувал и своето музичко образование – изучувал пијано, што му помогнало многу полесно да навлезе во светот на музичката продукција, а подоцна изучувал и музичка технологија и звук. Како диџеј, неговите вештини му овозможиле да настапува со најголемите музички имиња на хаус сцената, а во изминатите 10 години издал многу траки за Suma records, Look At You Records, Quantize Recordings, King Street Sounds, Deeptone… Желбата за експериментирање во студио и правење траки кои се, пред сè, свежи го прави Chris IDH еден од најуспешните продуценти во Грција, но и на интернационалната музичка сцена.

Со настапот на Chris IDH стартува серијалот наречен Intermezzo Music Rituals, во чии рамки се закажани гостувањата на шест врвни диџеи кои се неизоставен дел од прочуените забави на еден од најубавите острови во соседството – Миконос.

Повеќе на Музика24...