Одличниот Tom Odell во Скопје (Фото)

Како што не известуваат нашите соработници од Авалон продукција, до крајот на календарската 2018-та година имаат да ви понудат уште минимум 10-на проекти, како што и самите велат: “Светската музичка индустрија не може и не сака да чека”. Тие за 2019-та година ви го најавуваат суперквалитетниот Tom Odell, кој на 13-ти февруари ќе одржи голем концерт во Скопје, поточно во СРЦ Кале. Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната “Another Love”, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен “Jubilee Road” што излегува на 12-ти октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу. Сме имале можност да го гледаме Tom Odell во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти. Билетите за концертот на Tom Odell во Скопје, се веќе во продажба преку www.avalon.mk и Југотон. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...