Во прв ред

Одложен концертот на Аца Лукас во Охрид

Концертот на српскиот музичар Аца Лукас, кој беше закажан за недела, 2-ри август во објектот на Кадмо Beach and Club, се одложува, информираат организаторите. Концертот се одложува поради измена во приватните планови на Аца Лукас. Од менаџерскиот тим на Кадмо ги информираат сите посетители дека парите за сите купени влезници ќе бидат уредно вратени. Посетителите кои купиле билет, можат да ги вратат во Кадмо Бар и Кадмо Beach and Club.

За време на продолжениот празничен викенд во двата објекти на Кадмо продолжуваат останатите најавени одлични забави со македонски поп, поп рок музички имиња и забави со DJ-и.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: