Во прв ред

Одложен концертот на „Ван Гог“ и „АРЕА“ во Битола

Неповолните временски услови кои се прогнозираат за викендов од страна на медиумите ги примораа промотерите да ги одложат своите концерети за нов датум или да ги преместат во затворен простор. Така, и битолскиот концерт на „Ван Гог“ и „АРЕА“ претрпе промени и наместо на 10-ти јуни ќе се одржи на 22-ри јуни на истата локација.
Сите купени влезници имаат важност и за новиот датум. За оние кои новиот термин не им одговара можат да извршат рефундација од продажното место каде ги купиле.
Ви благодариме на разбирањето! Се гледаме на дупла рокенрол забава на 22 Јуни на Ракометно. – порачуваат од сцена продукција.
За одложувањето се огласи и Џуле од „Ван Гог“, кој испрати видео порака до публиката.

Можеби ќе ве интересира: