ОФИЦИЈАЛНО: Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на “Охридско лето”

Српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и официјално ќе настапи на реномираниот фестивал “Охридско лето”. Од како вчера на социјалните мрежи беше објавен дел од програмата, денес директорката на фестивалот Наташа Поповиќ ја потврди информацијата.

Овогодинешното јубилејно 60-то издание на “Охридско лето” ќе започне на 4-ти август. А Јоксимовиќ ќе одржи концерт на 7-ми август, а ќе се претстави со проектот “Два света”, заедно со симфониски оркестар од Белград, и членови на Белградската филхармонија.

“Во врска со синоќешните коментари, програмата на “Охридско лето” ја подготвуваме цела година и истата е работена по високи стандарди кои оваа наша реномирана манифестација ги негува со децении. Обидот некој да ја компромитира нашата работа и да го наруши угледот сметам дека нема да успее, бидејќи дури и во овие вонредни услови кога живееме во пандемија и битка со Ковид-19, почитувајќи ги сите протоколи, обезбедивме програма која ги зачувува високоестетските критериуми”, изјави директорката Наташа Поповиќ за Сакам да кажам.

Покрај Јоксимовиќ најавени се настапи на сопранот Марија Јелиќ, тенорот Дарио ди Виетри, басот Иван Томашев, сопранот Кристина Колар, хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонијата. Сите настани ќе се одржат на отворено на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај и Предворјето на црквата “Св. Софија” со 50% капацитет.

Повеќе на Музика24...